Советникот на премиерот за Реформската агенда, Орхан Муртезани, во кусо интервју за ТВ21 за време на 9-то издание на Македонскиот енергетски форум – еден од најголемите настани во енергетскиот сектор во регионот, рече дека земјава преку Реформската агенда располага со 750 милиони евра, распределени во 136 реформски чекори.
Според него, енергетската транзиција е еден од најзначајните столбови на агендата, за кој се предвидени 145 милиони евра.
Тој нагласи дека енергетиката по руската инвазија врз Украина добила и безбедносна димензија, поради што Владата работи на усогласување со европското законодавство преку новиот Закон за енергетика, мерки против енергетската сиромаштија и праведна енергетска транзиција.
