Орхан Муртезани оцени дека Западен Балкан има значителен потенцијал да придонесе кон енергетската безбедност на Европа, особено преку производство на електрична енергија од обновливи извори.
Говорејќи за ТВ21 на маргините на Македонскиот енергетски форум, тој истакна дека ваквите настани овозможуваат на едно место да се сретнат институциите, бизнис-заедницата и регулаторите.
Според Муртезани, регионот треба да ја искористи својата геостратешка позиција и ресурсите не само за исполнување на европските барања, туку и како активен партнер во градењето посилна Европска Унија.
