Аналитичарот Алберт Муслиу во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека премиерот Зоран Заев и СДСМ во 2015/16 скршиле еден лед.
Тој вели дека до 2015 година СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се натпреварувале кој се попатриоти и понационалисти, но во 2016 тоа се сменило.
„Во 2016 година СДСМ направи еден исчекор кој болно го направи, не дека тие не изгубија некои свои традиционални гласачи. Ги изгубија тие кои инсистираа на униформност на таа политичка партија. СДСМ се отвори, инсистираше со едно општество за сите, имаше таму еден куп грешки, но тоа е ориентацијата и Заев покажа, на неколку пати, дека е храбар некои теми да ги надмине. Така да, се извлече од тој историски 30 годишен дуел со ВМРО на патриотизмот“, порача Муслиу.
Муслиу додава дека ВМРО-ДПМНЕ бирале тема која на своите потенцијални партнери во иднина им го стеснува теренот за да соработуваат со него.
„Во 2016 година беше преломот, можеби ДУИ и во 2016 сакаа да соработуваат со ВМРО-ДПМНЕ, но општеството тоа го оневозможи затоа што дојде до момент кога не се простува се што се кажува во предизборие. Мислам дека од тој аспект ВМРО-ДПМНЕ треба да биде многу внимателен како ќе влезе во овие протести, како ќе го држи тој баланс со неговата капацитетност“, додава Муслиу.
Во продолжение целата изјава:
