Министерството за внатрешни работи информираше дека во СВР Скопје и во СВР Куманово, било пријавено дека во неколку училишта биле добиени мејлови за поставени бомби. Од МВР информираат дека во тек се проверки.
„Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училишта. Во тек се проверки од страна на полициски службеници“, стои во соопштението на МВР.
