МВР: Двегодишно дете од Куманово се затруло со разредувач за боја, пренесено на лекување во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во Куманово евидентирала случај на труење на двегодишно дете со разредувач за боја, пренесува ТВ21. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека детето е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје на понатамошно лекување.

Како што соопштија од МВР; вчера околу 14:00 часот, во СВР Куманово од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово, кое се затруло со разредувач за боја. По укажаната медицинска помош, детето било префрлено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошен третман. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.