МВР: Двојно убиство и самоубиство попладнево во Велес

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Велес попладнево се случи трагедија на улицата „Кочо Рацин“.

Според информациите на МВР, пронајдени се починати 31-годишна жена и нејзиниот 68-годишен татко, двајцата со повреди од остар предмет.

Во истиот дом бил затекнат и 39-годишен маж од Скопје, поранешен партнер на жената, за кој се сомнева дека ги нападнал, по што сам си нанел повреди.

Тој бил пренесен во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт.

Јавен обвинител и увидна екипа работат на расчистување на случајот.