МВР: Има доволно обрасци за лични документи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство денеска реагираат на изјавата на портпаролот на Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Шефик Дураку за тоа дека постои недостаток на егземплари, односно обрасци на македонски и на албански јазик.

Од МВР велат дека обрсци има доволно.

„Обрасци за лични документи има доволно за да се излезе во пресрет на сите граѓани и сите кои имаат потреба од патна исправа, ќе ја добијат услугата. Од понеделникот почнавме и со издавање на патни исправи со името Република Северна Македонија , и согласно Законот за употреба на јазици. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите дезинформации“, посочуваат од Министерството.