МВР: Во тек полициска акција на неколку локации низ државава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Министерството за внатрешни работи за ТВ21 потврдуваат дека полициски службеници од СВР Штип и ОВР Кочани, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција и по насоки на Основното јавно обвинителство Кочани, спроведуваат повеќе оперативни активности на неколку локации низ државата.

Од МВР велат дека акцијата е во тек и дека во моментов не можат да откриваат дополнителни детали заради заштита на истрагата.

По нејзиното завршување, институциите најавуваат дека ќе ја информираат јавноста со официјално соопштение и повеќе информации за преземените мерки.

Министерството нагласува дека сите активности се координирани меѓу регионалните сектори и централните полициски структури, со цел ефикасно документирање на случаите и обезбедување на докази.

Според неофицијални информации, приведен поранешен раководител на подружница на УЈП.