Ја известуваме јавноста дека МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и земање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила, велат од МВР за ТВ21.
МВР додава дека им се заблагодарува на граѓаните за трпението и на медиумите за професионалноста кон ситуацијата.
Полицијата постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16:45 во билетарата на МНТ. По пријавата веднаш беа евакуирани неколку објекти околу театарот.
