Министерството за здравство информира дека во моментов се прават последните технички прилагодувања на веб-страницата преку која граѓаните ќе можат да се пријавуваат со изразување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19.
„Штом се овозможи целосна функција на веб-страницата, ќе информираме повторно“, додаваат од таму.
Веб страницата vakcinacija.mk од денеска почна да функционира.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека секој ќе може да се пријави, а системот ќе биде тој кој ќе генерира кои се приоритетни.
Освен по електронски пат со регистрација на веб страницата за вакцинација, пријавувањето за вакцини ќе се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.
