Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, воедно и вицепремиер, најави дека на 25. октомври во недела, ќе е одржи дигитален Конгрес на партијата. Тоа е прва партија која прави дигитален конгрес.
„Со задоволство најавувам дека на 25ти октомври, недела, ќе се одржи дигитален Конгрес на #СДСМ.За прв пат во нашата земја, тоа ќе го направи најсилната, најдинамична и најотворена демократска партија – СДСМ.
Согласно новата нормалност, се грижиме за здравјето на граѓаните, но и на делегатите, гостите, и медиумските работници.Најавувам измени на Статутот согласно меѓународните стандарди на социјал-демократијата како што доликува на една прогресивна партија како СДСМ.
Се гледамe на 25ти октомври на првиот дигитален конгрес на СДСМ.“, рече Николовски.
