Може да се разликуваме за политика од нула до 100, можеме секој ден да имаме различни ставови во Парламентот и јас тие различни ставови секој ден ги почитувам, ама има црвени линии што не смеееме да ги поминеме и заради нас и заради нашите деца. Вака министерка за одбрана Радмила Шекеринска, која беше една од повредените за време на организираниот напад во Собранието на 27 април 2017, прокометира колку е задоволена правдата по овој немил настан.
„Соочувањето со 27-ми април мислам дека треба да се прави на две нивоа. Едното ниво е законот и судските одлуки и очекувам оти сите оние кои беа одговорни за насилство ќе одговараат, не само тие кои оперативно го координираа, туку тие кои го дигнале телефонот и дале наредби. За второто ниво, поголема одговорност имаме ние да зборуваме. Такви ситуации, можат да се случат и во други демократски држави, но за да не се повторуваат мора во еден глас да ги осудиме, а она што вчера го видов на улиците на Скопје, не беше осудаа, тоа беше поддршка“, истакна Радмила Шекеринска.
Коментирајќи го вчерашниот протес во Скопје, Шекеринска посочи дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на насилството, место да го осуди.
„Она што го видов вчера во Скопје е партијата која што го создаде насилството ниту вербално не сака да се огради од него. На 27 април 2017, да, тоа беа воглавно наши глави 10-20-30, но ако во општеството и во државата се создава клима дека тоа е ОК и удираат аплаузи на такво насилство утре ќе биде нечија друга глава, не само нашата“, посочи Шекеринска.
Од опозициската ВМРО ДПМНЕ, уште еднаш потенцира дека тие никогаш не поддржувале насилство, а поддршката на вчерашниот протест била за неправедно затворените и осудени за тероризам уставобранители. Утре , и по четири години од крвавиот четврток кога лица со фантомки и маса на луѓе насилно упаднаа во македонскиот парламент, поделени се мислењата и аргументите дали можеше да се избегне насилството во највиоскиот законодавен дом. Инаку предметот за организацијата на насилствата во парламентот е во доказна постапка, а со него беа опфатени 33 лица, од кои 15 добија амнестија.
