На англиски премиерлигаш повторно му одземаа бодови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На англискиот премиерлигаш Евертон, одново му се одземени бодови оваа сезона. Ова е вторпат на овој тим да му одземаат бодови.

Во ноември минатата година им е изречена казна со одземање на 10 бодови, а потоа казната им беше намалена на шест. Сега им се одземени два бода.

Со вкупно осум скратени бодови, Евертон има 27 поени, и сега е на 16 место на табелата, односно само два бода над зоната за испаѓање од Премиерлигата, и во последните седум кола ги очекува жестока битка за опстанок.

Бодовите им се одземени поради кршење на финансиските план. Според правилата на Премиерлигата, клуб може да пријави загуба од 105 милиони фунти за три сезони.