Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија испратила информација до клубовите од Прва македонска фудбалска лига, дека на барање на МВР, последните две кола од есенскиот дел ќе се одиграат без присуство на публика.
Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари.
