Портпаролот на Државната изборна Комисија, Љупка Гугучевска во изјава за Сител телевизија утринава истакна дека во најголем дел од избирачките места гласањето е успешно започнато.
Таа потенцира дека има и дел на избирачки места каде има мали технички проблеми, но истите се надминуваат.
„Кога зборуваме за технички проблеми, најголем дел се однесуваат на употребата на уредите за биометриска идентификација. Од она што го имаме до сега како информација е неможност да се логираат претседателите на избирачките одбори во уредот, нечитливи лозинки итн., меѓутоа веднаш се интервенира на лице место за да продолжи нормално гласањето“, посочи Гугучевска.
Таа додава дека доколку не може да се најде совпаѓање од десниот и левиот показалец на гласачот, избирачките одбори треба веднаш да ја скенираат личниот документ во МР скенерот во склоп на самиот уред.