На фудбалерот кој колабираше му е вграден дефибрилатор, но ќе мора да ја напушти Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италијанскиот фудбалер Едоардо Бове, кој колабираше за време на натпреварот Фиорентина – Интер, му е вграден дефибрилатор во болницата Кареги во Фиренца.

Тоа значи дека тој нема да може да ја продолжи фудбалската кариера во Италија, која забранува играње со дефибрилатор, а на Бове поради тоа му се заканува раскин на договорот со Фиорентина. Бове се надева дека ќе ја продолжи својата фудбалска кариера барем во странство.

Инаку, Бова го чека операција во следните неколку дена, а лекарите се сомневаат дека има миокардитис, воспаление на срцевиот мускул.

Бове колабирал за време на неделниот домашен натпревар против Интер, а натпреварот бил прекинат откако бил пренесен во болница со возило на брза помош. Навивачите на Фиорентина со голем транспарент му ја покажаа поддршката на натпреварот против Емполи во Купот.