На ГП Табановце се чека до 30 минути за влез во државава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За влез во државава на граничниот премин Табановце се чека околу 30 минути, информираат утрово од АМСМ.

Додаваат дека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Вчера во текот на целиот ден забележано беше раздвижување на граничните премини Богородица и Табановце.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.