Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози, информираат од АМСМ.
Од таму велат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На ГП Табановце се бележи зголемена фрекфенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
