На граничниот премин „Богородица” се чека од 10 до 15 минути

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На граничниот премин „Богородица” за излез од државава има чекање од 10 до 15 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, информира АМСМ во пладневниот извештај за состојбата за патиштата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.