На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 330 пациенти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заев најави можна соработка со опозицијата: Сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада!

Премиерот Зоран Заев изјави дека е подготвен да разговара со опозицијата за идно формирање на Влада за национален спас....

Во моментов низ инфективните одделенија и болниците се лекуваат 795 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 492 пациенти...

Концерт во Израел, на трибините смеат само вакцинирани

Повеќе стоици лица кои се вакцинирани против коронавирусот, присуствувале во петокот на концерт на отворено, кој го организирала управата...

Рамчиловиќ: Формирањето една изборна единица од исклучително значење за македонската демократија

Пратеникот во Собранието, Зеќир Рамчиловиќ даде поддршка на предлог законот за измени на Изборниот законик со кој се предвидува...

Започна викенд lockdown кај нашиот сосед, затворено е сѐ до понеделник наутро

Во Србија попладнево започна lockdown кој ќе трае до понеделник до 06 часот наутро, односно немад а работат рестораните,...

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 330 пациенти позитивни и сомнителни на коронвирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и сомнителен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 26 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 47 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп 34 во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и сомнителни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 610 и има околу 603 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.