На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 410 пациенти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Општина Центар ќе додели 400.000 денари за помош на Петриња во Хрватска

Советот на Општина Центар на вчерашната 59. седница донесе одлука да додели парична помош во висина од 400.000 денари...

Најзадоволни од професијата се ИТ професионалците и дизајнерите, најмалку вработените во производство, угостителство, економисти и правници

Над 70 отсто од економистите и над 50 проценти од правниците би ја промениле професијата, покажува истражувањето на  Brainster. На...

Без вода корисниците од повеќе улици од Скопје

Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Видое Смилевски Бато“, „Панче Неделковски“, „Ќемал Ататурк“ и „Коста Абрашевиќ“, информираат...

Полска најави правни активности против Фајзер за недоставување на сите вакцини

Полска би можела да преземе правни активности против американската фармацевтска компанија „Фајзер“, бидејќи не се доставени сите договорени количини...

Франција воведува ПЦР тест за влез во државата

Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на своите колеги од Европската унија дека Франција ќе ги направи PCR-тестовите задолжителни...

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 410 пациенти позитивни и сомнителни на коронвирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 67 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 50 во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 25  болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 32 пациенти, во Кочани 11 во Кичево 16, Кавадарци 23, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 6 позитивни и сомнителни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 725 и има околу 600 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.