На кого најчесто му се кршат работничките права?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хелсиншкиот комитет за човековите права секој месец објавува извештај во кој нагласени се прекршувањата на работничките права.

Но, на кого најчесто му се кршат правата на работа?

На ова прашање одговор побаравме од Вилдан Дрпљанин кој вели дека 27 пријави се од страна на жени, додека пак 8 пријави се од мажи.

„Ова е еден тренд кој, исто така, се повторува. Жените кај нас најчесто се покажало дека се похрабри да пријават прекршување, односно тие се првите кои што ќе дојдат и ќе кажат дека нешто не е во ред. Многу често слушаме дека на одредени места има прекршувања ама работниците не се осудуваат да пријават прекршување“, истакна Дрпљанин во „10 Минути“ на ТВ21.

Тој додава дека жените се тие кои што повеќе пријавуваат, односно се похрабри да го направат првиот чекор кон пријавување.