Останува под знак прашање на кои 2 пратеници на албанската опозиција фрлил око Биљал Касами дека ќе бидат дел од мнозинството. Неофицијално ТВ21 дознава дека таргет се помалку изложени пратеници, Атнан Незири, Абдула Салиу, Сафије Садику – Шахини или Артина Ќазими. ТВ21 контактираше со нив, а само 2 од нив ни одговорија.
„Не, никако, никогаш нема да се случи. За мене тоа не е морално, а моралот е свето нешто за мене. Познавајќи ја мојата природа никој не ми се доближил и верувам дека никој не може да направи таква понуда. Сум против ваквите навреди и длабоко сум убеден дека овие дејствија не се достојни“, истакна Атнан Незири.
„Јас можам да бидам дел од мнозинството само кога нашата коалиција ќе создаде ново мнозинство. Како што никој нема храброст да ме покани да се приклучам на актуелното мнозинство, навредливо е и прашањето на оваа тема“, додава Сафије Садику.
Од пратениците Салиу и Ќазими не добивме одговор. Инаку пред неколку дена, лидерот на Беса, Биљал Касами, без да каже точно за кого, рече дека комуницира со пратеници на коалицијата АА-ААА.
„Премиерот е во преговори со некои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, со полна надлежност можам да кажам дека ние како Движење Беса имаме редовна комуникација со неколку пратеници од албанската опозиција, јас сум целосно уверен дека можеме да имаме позитивен резултат за да му се приклучат на мнозинството“, порача Биљал Касами.
Додека власта вели дека ќе присвои пратеници од опозицијата, и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, го тврди истото.
Додека се одвива оваа дебата за преминување на пратеници, вчера ЛДП донесе одлука двајца нејзини пратеници да делуваат како независни надвор од парламентарната група на СДСМ. Додаваат дека ќе продолжат да ја поддржат Владата. Меѓутоа за лидерот на СДСМ, сега не беше вистинскиот момент ова да се случи.
Останува да видиме во следниот период дали овие тврдења на партиите ќе станат реалност или се само меурчиња за фалење. Актуелното мнозинство има 62 пратеника. Доволно би било двајца да заминат за да падне Владата.