Скопјанецот Зоран Настески, кој живее и работи во Англија, храбро интервенирал за време на летот на авиокомпанијата „Изиџет“ од Лондон Лутон до Глазгов, совладувајќи патник што се заканувал дека има бомба и извикувал екстремистички пароли.
Инцидентот се случил десетина минути пред слетувањето, кога патникот со кафе и телефон во рацете почнал да вика: „Имам бомба“, „Алаху акбар“ и „Смрт за Америка, смрт за Трамп“.
Настески веднаш реагирал – го соборил на под, му го зел телефонот и му ги држел рацете до крајот на летот.
Подоцна му се придружил и друг патник, Англичанец, кој помогнал во контролата на осомничениот.
