Плажите во Грција никогаш не биле вака празни. Поради глобалната пандемија со корона вирусот, местата чија убавина е позната ширум светот, се уште ги очекува своите туристи. Иако за аранжманите имаат платено неколку дена однапред, голем број на туристи поради затворените граници, не можат да стигнат до одредената дистинација. Нашата соговорничка која сакаше да остане анонимна, вели дека аранжманот за оваа лето го уплатила уште во јануари месец.
„Требаше во Грција да одиме во Полихроно од 31 мај. Поради околностите со корона вирусот, агенцијата не извести дека сме спречени да одиме на одмор. Ни понудија ваучери со кои до 2021 година ќе можеме да ги искористиме. Оваа година не би одела никаде на одмор, ниту во Грција ниту во Македонија“, истакна анонимна соговорничка.
Анастазија која заедно со своето семејство живее и работи на Халкидики во местото Олимпијада, за тв21 вели дека од први јуни е почната сезоната за домашни туристи, а веќе од 15 јуни почнале да пристигнуваат и гостите од Европа и Србија.
„Што се однесува до протоколите на баровите на плажа, мора да има 4 метри одалеченост помеѓу чадорите. Се почитува дистанца, се носат маски во затворени простории и се мијат раце. Не мора на една маса да седат само членови од една фамилија“, посочи Анастазија Парушева Ризоу.
Загуба секако дека има, вели Анастазија, затоа што се откажани голем број на резервации од мај и јуни.
„Загубата е голема тоа е логично како во сите земји кои имаат голем број на туристи. Оваа година се надеваме на мал дел од таа туристичка пита како што кажа грчкиот министр за туризам“, додаде Парушева-Ризоу.
Што се однесува до протоколите во сметувачките капацитети, најважно е да се одржува дистанца, а оние кои се грижат за личната хигиена на сместувањето треба да бидат опремени со гардероба за еднократна употреба. Треба детално да се исчисти, дезинфицира и излуфтира после секое напуштање на просториите од стана на гостите. Туристите кои оваа лето при престојот во Грција ќе бидат заразени со корона вирусот,ќе бидат ставени во карнатин на трошок на земјата се додека не се излечат.
Голема загуба поради корона вирусот имаат и туристичките агенции. Тие денеска најавија дека ќе протестираат ако државата не им помогне. Барањата ги доставиле до министерствата за економија и за финансии , но засега се уште немаат добиено никаков одговор.
„Не сакаме да профитираме, не бараме големи грантови. Станува збор за опстанок на туризмот и на сите ние кои работиме во тој сектор. Ние сме неколку илјади вработени и за жал, ако ситуацијата вака продолжи, а државата не ни помогне, голем дел од нас ќе банротираат, ќе бидеме приморани да затвориме и практично од септември ќе бидеме нови невработени. Затоа ова се нашите барања за помош, најлесно за нас ќе биде да се отворат границите без вакви протоколи како што се пуштаат низ ЕУ“, порача Ана Марија Алексова.
Од понеделник ќе почнат со работат хотели во Македонија и другите угостителски објекти за сместување туристи. Согласно Протоколот, предвидено е задолжително носење заштитна маска за гостите и вработените, дезинфекција на обувките и рацете во холот, а на влезот на хотелот да биде поставена табла со разбрирлив текст за чекорите и препораките што треба да се почитуваат за време на престојот во објектот.
