Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Бујар Османи денеска во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 проговори околу хибридниот политичко-економски центар кој ја напаѓа ДУИ.
Османи рече дека пред неколку месеци олигарси и политички лидери (сегашни и поранешни) се собрале во периферија на Скопје да разговараат за, како што вели, влијанието на Албанците во јавниот и економскиот живот.
„Пред неколку месеци, некаде овде на периферијата на Скопје, се одржа средба меѓу некои македонски олигарси и политички лидери, сегашни и поранешни политички лидери, со аларм или сознанија дека Албанците добиваат повеќе отколку што заслужуваат, или го укинуваат политичко-економскиот монопол на македонската заедница и се согласија да создадат национален процес против албанска држава како што ја нарекуваат. ДУИ се поврзува како парадигма или синоним на таа етничка рамноправност, на таа позиција на Албанците“, рече Османи.
Османи рече дека истата група, според нив, оценила дека овој процес може да се запре со нанесување штета на лидерот на ДУИ.
„Ова всушност не е страв од албанизација, тоа е страв од еднаквост. Затоа што рамноправноста ја гледаат како привилегија, ако гледаат Албанци на важни политички, одлучувачки позиции, или албанската економија… дури и тие напоменаа дека во градежништвото денес сите фирми се албански во Македонија, а тоа наводно го загрозува интересот“, рече Османи.


