На планинара Папук во југоисточна Хрватска, се појавил волк. Го немало на тоа подрачје цели 60 години. Иако и во изминатите години се појавувале приказни за појава на ова животно, сепак, ова е прв пат после 60 години да има доказ.
„После објавените анализи кои настанаа на почетокот на декември оваа година, на камерите на чуварската служба на Папук, со сигурност можеме да кажеме дека после 60 години е зебележано присуство на волк. Во изминатите години освен приказни за појавување на волк, никој не забележал ваков вид на животно. Оваа снимка ја потврдија бројни експерти од областа, и потврдија дека Папук е област во која волкот се вратил“, објавија од Папук.
Сега стручњаци од Загреб ќе заминат во обиколка на планината, со цел да утврдат како шумарите ќе ги чуваат овие животни, и да утврдат дали можеби има присуство и на други волци.
