Утрово на плоштад Македонија во центарот на Скопје пропаднала машина за чистење.
Според информациите, машината пропаднала во дупка која се создала на плочникот.
Повикана е екипа од МВР да изврши увид, а нема повредени лица.
Инаку, ова не е прв пат возило да пропадне на овој плоштад. Во 2017 година камион пропадна на местото на фонтаната.
