На плус 40 во 21 век – неколку кичевски населби без вода за пиење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Летово неколку населби во Кичево се соочија со стариот проблем, недостиг на вода за пиење.

Една од населбите е „Мексико“. Револтираните жители велат дека цело лето немаат вода. Чекаат цела ноќ да наполнат шишиња со вода кои со голема тешкотија ги полнат бидејќи нема доволно ни ноќе.

Тврдат дека редовно ги плаќаат сметките за вода, но сепак имаат недостиг на вода која што е елементарна работа, особено во овие топли денови.

Од комуналното претпријатие велат дека тоа е последица на сушата и злоупотребата на водата од жителите.

„Но причината е тоа се временските услови и сме во портокалова фаза во нашата земја, имаме злоупотреба на водата, со доаѓањето на печалбари се зголемува и потрошувачката на вода за пиење, тие се причините. А вода немаат во текот на денот од 18-21 часот (период кога имаме најголема потрошувачка на водата за пиење). Немаме состојба да нема вода цел ден, само во текот на денот, сме на терен со вработените за детектирање на злоупотребите“, велат од ЈП Комунално.

Проблем со водата за пиење во текот на летото имаат и неколку кичевско села. Ова се случува секое лето, а најмногу е истакнато сега кога има климатски промени, кога нема зима со снег и летото е многу топло.