Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе присуствува на погребот на папата Франциско, потврдија од нејзиниот кабинет.
На тој начин Фон дер Лајен им се придружува на голем број светски лидери кои веќе го најавија своето пристигнување на погребот на поглаварот на Католичката црква, меѓу кои и сегашниот американски претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон, како и Володимир Зеленски, претседател на Украина.
