На Попова Шапка утрово најстудено и наврна најмногу дожд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најстудено утрово беше на Попова Шапка со нула степени, каде наврна и најголема количина на дожд – 62 литри на метар квадратен.

Следуваат Лазарополе и Маврово каде беа измерени два степени.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):

0 Попова Шапка, 2 Лазарополе, Mаврови Анови, 4 Kрушево, 5 Скопје-Петровец, Претор, Пожаране, Тополчани, 6 Скопје-Зајчев Рид, Берово, Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Ѓуриште, 7 Куманово, Охрид, Битола, 8 Виница, Кавадарци, 9 Велес, Струмица, Штип, 10 Гевгелија, Демир Капија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2).

62 Попова Шапка, Пожаране, 60 Претор, 53 Маврови Анови, 46 Лазарополе, Тетово, 34 Охрид, 33 Битола, 16 Крушево, 15 Берово, 14 Струмица, Радовиш – Пожар, Пожар, 13 Прилеп, 12 Тополчани, 11 Скопје-Зајчев Рид, 8 Кавадарци, 7 Ѓуриште, Демир Капија, 6 Велес, Виница, 5 Гевгелија, 4 Скопје-Петровец, Штип, Крива Паланка, Куманово.

Времето денеска променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни особено попладне и во текот на ноќта. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.