На Попова Шапка утрово најстудено и со 15 сантиметри снег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најстудено утрово беше на Попова Шапка, каде беа измерени два степени. Во Крушево беа измерени пет степени, во Маврово и Крива Паланка шест, а по седум степени беа измерени во Прилеп, Скопје, Кавадарци, Берово и Лазарополе.

Најтопло утрово беше во Штип каде беа измерени 11 степени.

Снежната покривка на Попова Шапка изнесуваше 15 сантиметри.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степени.

Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.