На Попова Шапка утрово најстудено и со најмногу снег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попова Шапка со -3 степен утрово беше најстудено место во земјава. Берово е втор на листата со -1 степен, додека нула степени беа измерени во Битола и во Крушево.

На Попова Шапка има најмногу снег, каде висината на снежната покривка изнесува 53 сантиметри.

Времето денеска променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.