На поранешниот француски претседател Сакрози му е одземена Легијата на честа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На поранешниот француски претседател Никола Саркози му е одземен Орденот на Легијата на честа, највисокото државно одликување во Франција, откако беше осуден за корупција, според декрет објавен во недела, објави агенцијата Анадолија.

Поранешниот десничарски лидер, кој ја водеше Франција од 2007 до 2012 година, се соочи со бројни правни проблеми откако ги загуби претседателските избори во 2012 година.

Апелацискиот суд минатата година ја потврди неговата пресуда за нелегален обид за добивање внатрешни информации од судија и му наложи да носи електронска алка, наместо едногодишна затворска казна. Иако сегашниот претседател Емануел Макрон јавно го искажа своето противење на мерката, одлуката да му се одземат одликувањата беше очекувана со оглед на правилата.

Саркози е само вториот поранешен француски шеф на држава на кого му е одземен орденот на Легијата на честа, по Филип Петен, кој беше осуден за велепредавство во 1945 година поради соработка со нацистичка Германија.