На само пет минути од центарот на Струга – селото Мороишта без услови за живот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На само пет минути од центарот на Струга, се наоѓа селото Мороишта. Улиците во селото се целосно уништени, отворени се големи дупки и се речиси непроодни.

Кога врне, сообраќајот се одвива во отежнати услови, бидејќи дупките се полнат со вода и стануваат „невидливи“. Улицата веќе 30 години е во ваква состојба, се жалат жителите. 21 век е, а немаме канализација, додаваат тие.

Претседателот на месната заедница на Мороишта, Ацо Поповски, се надева дека селските улици ќе се санираат, како што се санирале улиците во Мислешево и Ворино, кои се поврзуваат со Мороишта.

Селото брои околу 250 куќи, а освен со патот, селаните се соочуваат и со проблеми со канализација, вода за пиење и поплавите кои се случуваат секоја зимска сезона.