Мундијалот во Катар има дводневна пауза, а утре продолжуваат мечевите со две 1/4 финалиња.
Во досегашните одиграни натпревари во групната фаза и во 1/8 финалињата, ПСЖ е тимот кој дал најмногу стрелци на Мундијалот. Така дури 10 гола дале играчи на тимот од Париз досега, а има само четири стрелци и тоа Мбапе, Нејмар, Меси и Солер. Во исто време овој тим има и пет асистенции.
На второто место е Барселона која има осум голови, и тоа преку стрелците Торес, Левандовски, Де Јонг, Гави, Кристенсен и Депај.
Манчестер Јунајтед и Челзи имаат по шест гола. Интересно во топ 4 екипи го нема европскиот првак Реал Мадрид.
Прв стрелец на Мундијалот во моментов е Килијан Мбапе со пет постигнати голови.

