Над 1.000 вработени во Твитер имале пристап до туѓи профили?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 330 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 330 пациенти...

ВИДЕО: Американец освои џекпот вреден 730 милиони долари

Американската лотарија „Пауербол“ објави дека освоена е наградата од 730 милиони долари, по неколку месеци во кои никој не...

Мицкоски: Поддршка од премиерот Јанша и Словенија за евроинтеграцискиот процес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека на средбата со словенечкиот премиер Јанез Јанша била потенцирана недвосмислената поддршка...

Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 17 пациенти – вкупно се лекуваaт 280 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот....

Можно ли е Трамп да остане без пензија и сите поволности што треба да ги има како поранешен претседател?

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп треба да добие пензија од над 221 илјади долари годишно и други бенефиции далеку...

Двајца поранешни вработени во Твитер тврдат повеќе од илјада вработени во компанијата и компаниите со коишто таа соработува, годинава имале пристап до внатрешни алатки кои овозможуваат измени во поставките за кориснички профил, а со тоа и контрола над него.

Сѐ ова на Твитер ќе му ја отежнува одбраната од обвинувањата за одговорноста за минатонеделното хакирање, сметаат познавачи.

Твитер и ФБИ во овој миг ги истражуваат пропустите што им овозможија на хакери да објавуваат пораки од автентични профили, како што се оние на Џо Бајден, Бил Гејтс, Елон Маск и Мајк Блумберг. Твитер минатата сабота соопшти дека сторителите „манипулирале со мал број вработени и ги користеле нивните строго доверливи податоци“ со цел да се најават и да користат внатрешни алатки на 45 туѓи профили.

Во средата, компанијата соопшти дека хакерите можеле да читаат директни пораки од 36 профили, но не ги идентификуваа корисниците погодени од овој инцидент.

Поранешни вработени во Твитер, запознаени со безбедносните политики и практики на компанијата, тврдат дека премногу луѓе би можеле да сторат такво нешто – над илјада само годинава, вклучително и вработени во некои други компании со коишто Твитер соработува, како што е „Когнизант“. Оттаму, како и Твитер, одбија да ги коментираат овие наводи.

Твитер објави дека компанијата бара нов директор на безбедносниот сектор, со цел подобри и побезбедни системи за заштита, како и обука на своите вработени за тоа како да одолеат на манипулациите што доаѓаат однадвор.