Над 130 угинати фоки пронајдени долж брегот на Мексико

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот

Угостителските објекти од денеска ќе можат да работат до 21 часот. Ваква одлука донесе Владата на Република Северна Македонија на...

Со 62 гласа „За“ донесен Законот за попис

Во Собранието на продолжението на 29. седница денеска со 62 гласа „За“ е изгласан Предлог законот за попис на...

Битолската Зоолошка градина наскоро ќе добие лавчиња и кенгурчиња

Битолската Зоолошка градина наскоро ќе добие две лавчиња, кенгурчиња и други диви животни со што ќе се зголеми животинскиот...

Брнабиќ: И помагаме и на Северна Македонија за вакцините против ковид-19

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во емисијата „Добро утро Србија“ истакна дека Србија и помага и на Северна Македонија...

Фетаи: Обидот на одбраната за поврзување на случајот со структури на МВР е целосно неточна теза

Обидот на одбраната за поврзување на возилото „опел омега“ и целата операција со структури на МВР, е целосно неточна...

Властите во Мексико забележаа вкупно 137 угинати фоки на плажи на пацифичкиот брег на полуостровот Долна Калифорнија.

Мексиканската Канцеларија за заштита на животната средина синоќа објави дека на телата на калифорниски морски лавови, нема траги од повреди од рибарски мрежи или можни судири со чамци, кои се најчести причини за смрт или повреди на овие морски животни. Во соопштението се наведува и дека тие биле пронајдени на крајбрежјето во должина од 130 километри во областа Комонду, во мексиканската сојузна држава Јужна Долна Калифорнија.

Земени се примероци од ткиво од некои тела за натамошна анализа за да се утврдат причините за смртта на фоките.

Калифорниските морски лавови се заштитен вид во Мексико, но не се во опасност од истребување.