Над 15 врзани кучиња во двор – жителите на „Влашки пат“ имаат проблем!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Невообичаена ситуација во населба „Влашки пат“ во Кичево.

Едно семејство чува околу 15 кучиња во нивниот двор, кои се со ланци но имаат и една куќарка.

Ова врева ги вознемурива секој ден жителите на овој дел.

Освен овие кучиња, како што, тврдат жителите ги храни и кучињата скитници и тоа е причината поради која жителите на оваа населба не можат да живеат во мир.

Децата ги носат на училиште со автомобили, а скоро секој жител кој живее во оваа населба најмалку еднаш бил нападнат од кучињата.

-Ние не сме против, нека чува не 17 туку 170 кучиња, но треба да најде идеално место за да ги чува, додека и ние храната што ќе ни остане ќе и ја однесеме на госпоѓата, само нека ги тргне од тука бидејќи имаме многу проблеми. Не сме против кучињата туку против тие што ги чуват бидејќи не напаѓаат, треба да шетаме со стап и јас, и овој и тој другиот. Ги хранат кучињата кај и да стигаат, и пред нашите домови, јас ја прашувам зошто ги храниш таа почна да вика и викна полиција и во суд покрена постапка за ништо, само затоа што и кажав немој да ги храниш во мојот двор кучињата, велат жители.

Нашиот тим се обиде да разговара и со госпоѓата кој ги чува кучињата. На почеток се двоумеше но потоа прифати да зборува со нас, но зад камера. Во краток разговор ни рече дека е љубител на кучиња и дека целата пензија на нив ја троши.

По долгиот разгово госпоѓата рече дека ќе бара соодветно место за чување на кучињата и дека ќе се обиде да најде решение.

Од организацијата за заштита на животните кои ги контактиравме ни рекоа дека госпоѓата има право да чува кучиња, но не да ги врзува со ланец и не во тие услови бидејќи на тој начин го прекршува законот за правата на животните.

Жителите овој случај го пријавиле и кај ОМБУСМАН, а од Народниот правобранител случајот го испратиле до МВР и суд.