Над 200 предлози за културната програма на „Скопје 2028“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ доби повеќе од 200 предлози и препораки за Културната програма, доставени преку јавни расправи и електронска пошта.

Во подготовката на програмата активно се вклучија културни институции, уметници, претставници на академската заедница, независната културна сцена и младите.

Сите пристигнати предлози ќе бидат анализирани, а релевантните идеи ќе бидат вклучени во конечната програма.

Проектите ќе се реализираат преку јавни повици, а нивното оценување ќе го вршат европски евалуатори.

Финалната верзија на програмата се очекува до крајот на ноември и ќе биде објавена на skopje2028.mk.