Над 74 милиони лица се заразени со коронавирус во светот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според веб-страницата на „Ворлдметерс“ бројот на заразени со коронавирусот во светот денеска надминал 74 милиони.

Од почетокот на павидемијата, коронавирус е дијагностициран кај 74.006,646 лица.

Досега 1.645,774 лица починаа од последиците на Ковид-19..

Оздравеле 51.980,612 луѓе, а во моментов има 20.380,260 активни случаи ширум светот.

Најголем број на заразени лица, 17,15 милиони, сè уште има во САД, која е на првото место и според бројот на починати, со над 300 000 смртни случаи. Следува Индија со 9,93 милиони заразени и 144 000 мртви, и Бразил со 6,97 милиони заразени и 182 000 мртви.