Над 800 лица загинаа низ Блискиот Исток, откако САД и Израел извршија напад врз Иран на 28 февруари, и со тоа вовлекувајќи и земјите од Перискиот Залив каде што се наоѓаат американските бази во регионот.
Ова се бројките за смртните случаи досега, според информациите од вклучените земји. Ројтерс не ги потврди независно бројките.
Во Иран, според непрофитната хуманитарна организација Црвена полумесечина, загинаа 787 лица, вклучувајќи 165 девојчиња и наставен персонал, првиот ден од ракетниот напад врз основно училиште во Минаб на југот од земјата. Не е познато дали тој број ги вклучува членовите на Револуционерната гарда или воените жртви.
Десет цивили беа убиени во Израел, вклучувајќи девет лица, во ирански ракетен напад врз Беит Шемеш во близина на Ерусалим на 1 март, според израелската служба за итна медицинска помош „Маген Давид Адом“. Израелските одбранбени сили не пријавија воени жртви.
Педесет лица се убиени во израелските напади врз Либан, според либанското Министерство за здравство.
Во Бахреин, едно лице загина во пожар во индустриската зона Салман откако беше пресретната балистичка ракета, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Три лица, меѓу кои и двајца кувајтски војници, беа убиени во иранските напади врз земјата, според Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи на Кувајт.
Едно лице загина во Оман откако балистичка ракета погоди танкер, кој пловел под знамето на Маршалските Острови.
Три лица загинаа во Обединетите Арапски Емирати, соопшти Министерството за одбрана.
Шестмина американски војници се убиени во напад врз воен објект во Кувајт, соопшти Централната команда на САД.
