Над илјада луѓе имало на станицата пред нападот, вели очевидец

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Некои повеќе детали сега од Краматорск, каде што државната железничка компанија соопшти дека најмалку 30 луѓе загинале утрово во ракетен напад на железничката станица во градот.

Нејтан Мук, извршен директор на хуманитарната организација World Central Kitchen, бил на станицата само неколку моменти пред нападот и зборувал за Би-Би-Си за она што го видел.

„Возевме покрај станицата преку надвозник, можевме да видиме над илјада луѓе. Беше преполно, исто како вчера и завчера“, рече тој.

Мук вели дека потоа слушнал звук од пет до 10 експлозии „две минути откако поминале“.

„Ги чувствуваш пред да ги слушнеш. Еден од нашите момци во магацинот рече дека видел украинска противвоздушна одбрана како пресретнува една од ракетите. Тоа беа проектили“, вели тој.

Откако се вратил на местото на нападот, Мук опишува сцена на уништување:

„Остатоците од еден од проектилите на паркинзите, искршени прозорци, неколку десетици жртви. Екипите за итни случаи беа на теренот многу брзо, фокусирајќи се на луѓето кои беа повредени и убиени“, додаде тој.