Надал најави крај: Чувствувам дека ова е мојот последен меч

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тениската репрезентација на Холандија поведе против Шпанија во четвртфиналниот натпревар на завршниот Дејвис куп турнир во Малага, откако Ботик ван де Зандшулп (АТП – 80.) го совлада Рафаел Надал со 6:4, 6:4.

Ова е прв пораз за Надал на домашен терен во сингл мечеви во Дејвис купот и само втор во кариерата во ова натпреварување (29-2). До денес, Јиржи Новак, пензиониран чешки тенисер, беше единствениот кој успеа да го победи Надал, а тоа беше во 2004 година во дебито на Рафа во Дејвис купот, во затворени услови на тврда подлога во Брно.

„Чувствувам дека ова е мојот последен меч во сингл“, рече Надал по поразот.

Надал претходно најави дека по завршувањето на сезоната, ќе се откаже од тенисот.

„Најк“ веќе му се заблагодари за се во кариерата.