Наезда на скакулци во ЈАР

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Најголема наезда на скакулци во изминатите децении е забележана во Јужноафриканската Република (Јужна Африка), објавија локалните медиуми.

Министерството за земјоделство на земјата соопшти дека тоа се однесува на голем број провинции во државата. Во моментов, најпроблематично е во три провинции – Источен Кејп, Западен Кејп и Северен Кејп.

Јужна Африка страда од инвазија на кафени скакулци од септември 2021 година.

Програмата за борба против инвазија на инсекти веќе го чини Министерството околу 5,5 милиони долари.