НАИ прогласи победи во Гостивар, Липково, Чашка и Пласница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Националната алијанса за интеграција, прогласи победи уште во првиот круг во Општините Гостивар, Липково, Чашка и Пласница. Арбер Адеми рече дека убедливо е водство и во Врапчиште, но таму нема цензус.

„Во Општина Чашка имаме историски резултат за првпат оваа општина ќе биде предводена од кандидатот на Националната алијанса за интеграција. Најново да споделам дека во втор круг одиме и во Студеничани, но не со ВРЕДИ, туку со независен кандидат. Уште од првиот круг, натпреварот е завршен, имаме нови градоначалници од нашите редови во: Гостивар, Липково, Чашка, Пласница, Врапчиште сме апсолутен победник, но поради бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН, не е обезбеден цензус од најмалку една третина, и тука ќе има повторување. Апсолутен победник сме и во Куманово, и за кандидат за градоначалник и за советнички листи. Дозволете да истакнам дека во втор круг одиме: Кичево, Струга, Студеничани, Тетово, Долнени и во Арачиново“, рече Адеми.