Најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на 100-процентни царини за Русија ризикува да ги комплицира односите со Кина и Индија, кои се клучни за неговите економски и стратешки цели, изјавија денес трговските аналитичари.
Трамп вчера изјави дека Соединетите Американски Држави ќе воведат 100-процентни санкции за Русија доколку не се постигне договор за прекин на огнот во војната во Украина во рок од 50 дена, и дека овие царини ќе бидат секундарни, што имплицира дека тие би важеле и за земјите што купуваат руска нафта.
Трговските аналитичари изјавија дека предложените царини би биле тешки за контрола и, доколку бидат воведени, би можеле да им се вратат на САД, објави Блумберг.
