17.300 денари ќе биде просечната пензија до крајот на оваа година. Ова го изјави премиерот Ковачевски по средбата што ја имаше со Сојузот на здруженијата на пензионери. Тој рече дека новата методологија за зголемување на пензиите ќе се преточи во закон и нема да зависи од ничија политичка волја.
Тоа што оваа методологија за зголемување на пензиите ќе влезе во законот за инвалидско и пензиско осигурување, според претседателката на Здружението на пензионери, Станка Трајкова, на пензионерите им дава правна сигурност.
Инаку, речиси 330.000 илјади пензионери ќе добијат дополнителни 1000 денари парична помош во пензиите за март, април и мај, додека со новата методологија секоја наредна година ќе има зголемување.