Најфреквентната улица „Рекорд“ ќе стане пешачка зона – Шилегов: Проектот сè уште не е готов, се прават анализи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најфреквентната улица „Рекорд“ ќе биде затворена за сообраќај и ќе биде дозволено движење само на возила од јавниот превоз. Всушност планот е истотака „Рекорд” да стане пешачка зона но деталните за целиот проект се уште не е готов, вели градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Тој додава дека се уште се прават анализи и студии за тоа како ќе изгледа пешачката зона на Рекорд.

„Јас кажав пред повеќе од две години дека амбициите на Градот и тоа што всушност претставува градско јадро во сите современи европски метрополи ќе личи и во нашиот град. Тоа што треба да го знаеме е дека ќе оди паралелно со имплементацијата на басрапид транзитот, односно во тој момент кога ќе се изведе и ќе се преструктуира таа улица од сообраќајница во пешачка зона и е нешто што како стандард постои насекаде во светот“, вели Шилегов.