Машина за перење садови е импресивна, но често мислиме дека е семожна. Но, како и секоја друга машина, и таа има свои ограничувања и правила по кои треба да се придржуваме.
Не е секој сад погоден за перење во машина за садови, а тоа првенство важи за острите ножеви кои може да се оштетат. Процесот на перење може да ги оштети острите рабови, а јаките хемикалии да го оштетат челикот.
Дрвен прибор, фин порцелан, кристал како и садови од алуминиум, бакар или железо, исто така не треба да ги переме во машна за садови.
И покрај тоа што сме навикнати прво да ги пуштиме садовите низ вода пред да ги ставиме во машината, сепак, кај новите модели тоа не е потребно. Дури е потребно воопшто да не ги ставаме низ вода, туку директно во машината, нормално без крупните остатоци од храна, за подобро да се измијат.
